Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Општина Аеродром ги надоместува трошоците за чистење оџаци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Subvencii-za-cistenje-odjaci

Општина Аеродром го продолжува  доделувањето субвенции како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

— реклама —

Денеска е објавен Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за чистење оџаци.  Жителите што ќе реализираат чистење оџак во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик заклучно со 11 октомври 2019 година, Општината ќе им надомести дел од трошоците направени при чистење оџаци, во висина од 1.000 денари по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае 15 календарски дена од денот на објавувањето – од 27 септември 2019 година, заклучно со 11 октомври 2019 година, и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

— реклама —

Потребни документи за аплицирање:

  1. 1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2257);
  2. Доказ за жителство на Општина Аеродром;
  3. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на барателот;
  4. Фотокопија од трансакциска сметка/ жиро-сметка;
  5. Доказ за правен субјект. Тековна состојба не постара од 6 месеци;
  6. Оригинал потврда за реализирано чистење оџак потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот (Потврдата за извршената услуга треба да биде издадена: За физички лица на адреса на која барателот живее, односно истата адреса на живеење што е запишана во личната карта. За правните лица на адреса на деловниот објект на правниот субјект за кој се однесува тековната состојба.);
  7. Оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности).

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за чистење оџаци“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања