„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Аеродром: Ги разгледавме сите правни механизми за да спречиме објект пред „Мајчин дом“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
dom

Општина Аеродром ги разгледа сите можни правни механизми за спречување на градбата пред „Мајчин дом“. Општината активно соработува со Уставниот суд, кадешто се доставени сите потребни документи во однос на ДУП И10, за кој се поднесени повеќе претставки. Уставниот суд до денес нема донесено никаква одлука за овој предмет, ниту го има ставено на мирување, ниту го има поништено ДУП И10, реагираат од Општината на тврдењата на Дејан Митевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, дека градоначалникот Златко Марин издал одобрение за градба.

— реклама —

Во меѓувреме, велат од таму, во Општина Аеродром е пристигнато барање за дозвола за градба на плацот пред „Мајчин дом“, кое Општината е законски обврзана да го процесира, согласно позитивните законски регулативи и параметрите на сè уште активниот ДУП И10.

„Урбанистичкото планирање е основата која го одредува квалитетот на животот во општината. Претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ подигна над 90 нови згради во Општина Аеродром, со повеќе од 10.000 станбени единици и донесе урбанистички планови кои предвидуваат уште градби во урбаното јадро на Аеродром. Согласно заложбите на новото раководство новите урбанитички планови се изработуваат со високи стандари за похумано живеење. Постапките ќе бидат транспарентни, јавните расправи однапред најавени и се надеваме на активно учество на граѓаните во креирање на општината“, се вели во реакцијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања