„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Општина Аеродром ја реорганизира својата служба за комунална чистота

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
k2

Во присуство на повеќе жители на Општина Аеродром и на градоначалникот Златко Марин, денес во паркчето кај споменикот „Јане Сандански“ беше претставена новата реорганизација на комуналната служба на Општина Аеродром, со цел обезбедување почисти јавни површини на целата територија на Општината.

— реклама —

Имено, во рамките на новата организација се предвидува ангажирање фирма со механизација и опрема за чистење смет и расчистување мини депонии, како и 10 специјални возила, т.н. „метачки на смет“ и цистерни за миење на улиците и на јавните пешачки површини.

— реклама —

Дополнително се ангажирани и повеќе сезонски работници, односно бројот на извршители за одржување на пешачките патеки и јавната чистота во целост се зголемува од 120 на 200, со цел да се постигне поголема ефикасност на новиот начин на работа, а во служба на граѓаните.

Идејата на оваа реформа е, всушност, поефикасно и побрзо решавање на проблемите од аспект на хигиената на општината, но и да се поттикнат самите граѓани да бидат свесни и да ги пријавуваат проблемите со кои се соочуваат, како и сметот и малите депонии во нивното опкружување.

За таа цел, Општина Аеродром го отвори и телефонскиот број 075 316 515 на кој ќе може да се пријавуваат нечистотиите, со цел нивно поефикасно санирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања