Општина Аеродром ја слави 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Sredba2

Општина Аеродром активно се вклучува во манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“.

— реклама —

Со оваа манифестација се одбележуваат 100 години од раѓањето на големиот деец Блаже Конески ‒ филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

— реклама —

По тој повод, градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и неговите соработници остварија средба со секретарот на Фондацијата „Небрегово“, Атанас Конески, на која разговараа за учеството во организирањето на јубилејот на македонскиот великан.

— реклама —

Притоа, беше договорено Општина Аеродром и основното училиште „Блаже Конески“ да се вклучат во манифестацијата со конкретни содржини. Исто така, ќе се вклучат сите училишта во општината да земат активно учество на конкурсот распишан од Фондацијата „Небрегово“, со поетски творби што ќе ги испратат во определен рок.

„Ми претставува голема чест и задоволство што Општина Аеродром ќе биде домаќин на дел од оваа прекрасна манифестација. Учениците со сопствени ликовни и поетски творби во чест на Блаже Конески, притоа поттикнати од неговите дела“, истакна на средбата градоначалникот Марин.

Општина Аеродром заедно со Општина Прилеп и Општина Велес, каде што има училишта што го носат името на Блаже Конески, ќе организираат заедничка литературна средба на учениците што испратиле песни на објавениот конкурс што ќе се одржи на отворено во некои од парковите во Општина Аеродром.

Вработените во општината исто така ќе организираат посета на спомен-домот „Блаже Конески“ во село Небрегово за непосредно запознавање со неговиот лик и дело.

фото: Општина Аеродром

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања