„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Општина Аеродром ја зајакнува соработката со пензионерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
penzioneri-1

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателот на Здружението на пензионери „Солидарност ­‒ Аеродром“, Димитрија Богатиноски, денеска потпишаа меморандум за соработка, во присуство на претседателката на Советот, Ивана Цветковска.

— реклама —

„Меморандумот за соработка е во насока на подобрување на условите за живот на пензионерите во Аеродром“, изјави градоначалникот Марин. Тој додаде дека Општината ќе продолжи да ја поддржува оваа категорија граѓани, кои го граделе нашето општество.

— реклама —

Претседателот на Здружението, Димитрија Богатиноски, изрази благодарност што Општина Аеродром има слух за нивните проблеми и изрази убеденост дека во иднина идентификувањето и решавањето на прашањата ќе се одвива со заеднички пристап.

Исто така, со овој меморандум се планира да се подобрат условите за тековно функционирање на Здружението, кое брои 14.000 члена, како и да се обезбеди континуирано информирање на членовите за прашања и настани од културно-забавниот и социјалниот живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања