Општина Аеродром објави јавен повик за соработка со здруженија на граѓани и фондации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
sll

Општина Аеродром денеска објави јавен повик до здруженијата на граѓани и фондациите во Македонија, а особено до оние што имаат седиште и дејствуваат на територијата на Општина Аеродром, за изразување интерес за соработка со цел остварување на јавните потреби и јавниот интерес.

— реклама —

Дел од проектните цели за потенцијална соработка се промовирање на европските вредности во процесот на пристапување кон Европската Унија, унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност, унапредување на родовата еднаквост во сите области од општественото живеење, зголемување на јавната свест на населението од областа на животната средина, младински локални политики во функција на интегрирањето со европското законодавство, градење мултикултурно, унитарно и толерантно општество за сите.

— реклама —

Јавниот повик ќе трае 10 дена, заклучно со 10 ноември 2020 година.

— реклама —

Повеќе информации можат да се добијат на веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/4552

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања