Промени тема
Контакт

Општина Аеродром ослободи одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надоместок за градинка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Buba-Mara

Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од месечен надоместок за престојот на нивните деца во детските градинки. Оваа одлука е изгласана на денешната седница на Советот на Општина Аеродром, а по предлог на дел од родителите чии деца се згрижени во детските градинки „Срничка“ и „Буба Мара“. Со одлуката, од плаќање месечен надоместок се ослободуваат следните категории родители:

— реклама —

- Родители на три деца запишани во градинката, се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој за едно дете;

- Самохран родител со примања до една просечна плата или со останати приходи во износ до една просечна плата се ослободува од плаќање месечен надоместок на детето/цата;

— реклама —

- Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи (невработени лица) се ослободуваат од плаќање месечен надоместок на детето/цата;

— реклама —

- Двајца родители од кои еден е без приходи (невработено лице), а другиот родител со примања до една просечна плата или со останати приходи во износ до една просечна плата се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој на детето/цата;

- Родители на деца со посебни потреби се ослободуваат од плаќање надоместок за престој на детето/цата.

Ослободувањето се однесува за период од 1.9.2020 до 31.12.2020 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања