Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Општина Битола: Копанки било и ќе биде на битолчани!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kopanki

Донесувањето на Решение за делумно поништување на претходно донeсеното решение со кое сопственоста на објектот Копанки е утврдена на ПСК Пелистер, не претставува никаков обид за влијание и притисок. Напротив, значи спроведување на законска процедура која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Решението е донесено по целосна анализа од страна на стручните служби на Општина Битола на процесот на легализација на домот Копанки.

Стручните служби заклучија дека Решението со кое е утврден правосилниот статус на домот Копанки е делумно ништовен. Во водената управна постапка е утврдено дека е прекршен Законот за постапување со бесправни објекти, во делот на впишување на сопственост.

— реклама —

Целата постапка е водена во функција на интензивирање на обновата на опожарениот дом, бидејќи досегашната динамика не дава сигурност за целосно завршување на процесот. Целта на локалната самоуправа е со доенсување на ова Решение и со конкретно испланиран буџет да се инвестира во планинарскиот дом Копанки.

— реклама —

Токму моралната одговорност е една од причините за инвестиција во објектот Копанки, кој што е во интерес на сите граѓани. Општина Битола ќе ги почитува одлуките на органите и институциите во државата.

— реклама —

Копанки било и ќе биде на битолчани!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања