Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Општина Битола се огласи по реакциите за зголемени концентрации на загаден воздух, велат следете официјлни соопштенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Свесни сме дека изминатите денови се соочуваме со зголемени концентрации на загаден воздух, кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните.

Општина Битола секојдневно следи и изготвува извештаи за среднодневните концентрации на квалитетот на амбиенталниот воздух од мерната станица Битола 2 и согласно позитивната законска регулатива ги известува граѓаните на Општина Битола:

— реклама —

Имено, според Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на информирање и  алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017) се дефинирани прагот на информирање и алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10):

Прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) со надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

— реклама —

Додека прагот на алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) од 14 декември 2019 година се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.

Според добиените податоци од Министерството за животна средина и просторно планирање, измерени за мерната станица Битола 2, во двата изминати последователни денови (15 декември и 16 декември), не се надминати граничните вредности.

Следејќи ги податоците од надлежните институции, Општина Битола благовремено ќе ги информира граѓаните и ќе презема соодветни законски постапки.

Во таа насока, ги замолуваме граѓаните да ги следат официјалните соопштенија од страна на општината  во наредниот приод.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања