Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Општина Чаир ги стави на целосно располагање на Универзитетот “Мајка Тереза“ нејзините простории во близина на О.У. Конгреси и Манастирит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
69411644_10156161727132407_346824428832686080_n

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и Ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза“ Проф. Др. Азиз Положани потпишаа денес Договор за отстапување на користење на Универзитетот “Мајка Тереза“ на просториите за образовна дејност под сопственост на општината во близина на О.У. Конгреси и Манастирит без надоместок и на неопределено време почнувајќи од 26.08.2019 година согласно Одлуката на Советот на Општина Чаир бр. 08-316/7 од 10.02.2017 година.

Во врска со ова, Градоначалникот Ганиу истакна: “Со овој акт ја докажуваме нашата спремност за максимална помош и поддршка на нашите универзитети за зајакнување на нивните просторни капацитети и во служба на квалитетен образовен систем. По ослободувањето на просториите со одлука на Државниот Универзитет во Тетово за затворање на дисперзираните студии во Скопје, сакам да искажам голема благодарност посебно до нив за нивниот придонес во целиот овој период. Студентите од последната генерација на ДУТ во Скопје кои ги имаат завршено предавањата и кои треба да го завршат циклусот на испити ќе ги имаат на располагање овие простории за одржување на испитните сесии, додека пак на раководството и на студентите на Универзитетот “Мајка Тереза“ им посакувам многу успех и користење на просториите кои им ги ставаме во располагање во служба на достојното претставување на нашите образовни вредности.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања