Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Општина Центар денес отстрани уште една трафика, две гаражи и непрописно поставени паркинг блокатори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Продолжуваат активностите на инспекцијата на Општина Центар – денес отстранети уште нелегално поставени објекти

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и денес продолжува со активностите за отстранување на објектите кои не поседуваат соодветна документација.

Денешната акција опфати еден времен објект – трафика, со димензии 2 х 1,5 метри, кој се наоѓаше на улица „11 Октомври“, во централното градско подрачје, во близина на Црвениот Крст.

— реклама —

— реклама —

Покрај трафиката, инспекциските служби денес отстранија и два помошни објекти – гаражи во населбата Дебар Маало, кои исто така не поседуваат соодветни решенија за поставување.

Откако инвеститорите, односно сопствениците, не постапиле по издадените решенија за отстранување на нелегалните градби во законскиот рок од 3 дена, општината со градежна механизација ги отстрани, а трошокот за отстранувањето ќе падне на товар на инвеститорите.

— реклама —

За дополнително ослободување на јавните површини во Капиштец отстранети се и 11 паркинг блокатори поставени без соодветна документација на улицата „Васил Ѓоргов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања