„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Општина Центар ги отстапи службените моторни возила за полициската станица „Центар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, донесе одлука да ги даде на времено користење службените моторни возила на Полициската станица „Центар“.

„Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС „Центар“, со цел поефикасно извршување на нивните работните задачи и зголемениот број теренски активности кои ги имаат полициските службеници за време на полицискиот час во време на пандемија од Ковид-19. Со оваа мерка која ја презема Општина Центар, дополнително ќе го зголемиме капацитетот и ефикасноста на полицијата во извршување на редовните контроли на територијата на Центар “, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија – Биро за јавна безбедност, Секторот за внатрешни работи „Центар – Бит пазар“ укажаа дека за потребите на Полициска станица од општа надлежност „Центар“, потребно е времено користење на службени патнички моторни возила во сопственост на Општина Центар.

— реклама —

Општина Центар од почетокот на здравствената криза спроведе повеќе активности за поддршка на полициските станици кои се наоѓаат на територијата на Центар и во текот на изминатата година беа обезбедени нови велосипеди и велосипедска опрема за припадниците на полицијата, како и обезбедување на дезинфекциони средства, заштитни маски и отстапување на општиснки службени возила за успешно и ефикасно организирање на работата во услови на пандемија.

— реклама —

„Апелирам до сите жители одговорно да се однесуваат и доследно да ги почитуваат мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство. Вирусот е опасен и само со координирани активности, хуманост и одговорност ќе можеме да се справиме со него“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

фото: Општина Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања