Општина Центар годинава го прославува 44 роденден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
opstina-centar

Општина Центар годинава го прославува 44 роденден. По тој повод, во изменети услови, кога целиот свет се справува со опасниот КОВИД 19, активностите годинава се насочени кон потврдување на дејствувањето на општината како хумана, одговорна, отчетна и општина по терк на граѓаните.

— реклама —

Од 2.11.2020 до 6.11.2020 ќе се организираат Денови на Општина Центар.

— реклама —

Понеделник, 2.11.2020 ќе биде оджана прес конференција за почеток на реконструкцијата на бараката на поранешното „Матично“, кое ќе прерасне во Младински центар.

— реклама —

За да им помогне на основните училишта поуспешно да ја реализираат on line наставата, општината обезбеди 60 лаптоп компутери со што придонесуваме за поквалитетно образование во време на пандемија.

Во среда, на 4.11.2020, наградата „Феникс“ ќе биде доделена на физички и правни лица од општината Центар како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација.

Општина Центар ги наградува талентираните ученици и додели 100 стипендии за најуспешните од областа на науката, културата и спортот како и за ученици од семејства од социјален ризик. Грижејќи се за правилен физички развој на децата и за негување на спортот, општината издвои 1 милион денари финансиски средства за поддршка на програмските активности на 20 спортски клубови и здруженија во Центар.

Од почетокот на корона кризата, Општина Центар се грижи и им помага на сите свои жители, а особено на оние со висок социјален ризика. За 150 семејства, приматели на социјална помош, на мали групни домови и згрижувачки семејства, општината обезбеди пакети со храна и средства за лична хигиена.

Општина Центар, како и досега, така и отсега продолжува со грижата за жителите и исполнувањето на општинските обврски на локално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања