Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Општина Центар ја прифати Иницијативата на група граѓани и архитекти за урбанистичко уредување на локацијата „Треска“ по пат на јавен конкурс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
opstina-centar

Вчера, на вонредна седница, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот sо кој се одлучи за начинот за тоа дека по пат на јавен конкурс ќе се уреди локацијата позната како поранешна „Треска”.

— реклама —

Одлучувајќи по Иницијативата поднесена од група граѓани и архитекти, Советот донесе Заклучок со што уште еднаш и општината и градоначалникот Саша Богдановиќ застанаа на страната на жителите и јавноста.

За разлика од едно не толку минато време, кога тајно се носеа ДУП-ови во доцните вечерни часови, никнуваа градби и се поставуваа разни споменици на случајно одбрани локации, ова општинско раководство и овој состав на Советот транспарентно и отчетно, со присуство на целата јавност, ја усвои одлуката за распишување на јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна фабрика „Треска“.

— реклама —

Советниците на општината, со 12 гласа „за”, изгласаа дека по пат на конкурс за урбанистичко решение ќе се решава за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.

За зголемување на степенот на транспарентност пред јавноста, во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија за локацијата, општината ќе ја вклучи целата стручна јавност – Архитектонскиот факултет, Асоцијација на Архитекти и Комора на архитекти.

Со донесувањето на овој Заклучок, Општина Центар и градоначалникот Богдановиќ уште еднаш ги потврдија своите заложби за работење исклучиво во интерес на подобрување на условите за живот на граѓаните и на жителите на општината.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања