Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Општина Центар ќе обезбеди 2 милиони денари за ЈП „Лајка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
2-6

Општина Центар ќе обезбеди 2.000.000,00 денари од Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат наменети за потребите на новоотворениот објект ЈП „Лајка“, за згрижување и благосостојба на животните скитници во Скопје.

Советот на Општина Центар усвои одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за заловување кучиња на подрачјето на Скопје.

— реклама —

Остварувањето на меѓуопштинска соработка ќе претставува реализација на заеднички цели, интереси и надлежности помеѓу Општина Центар и Град Скопје, кои ќе се однесуваат на заловување и собирање бездомни кучиња, односно, нерегистрирани кучиња кои ќе бидат затекнати на јавни површи на подрачјето на Град Скопје.

— реклама —

— реклама —

„Со градот Скопје имаме одлична соработка и заеднички имаме реализирано многубројни проекти кои се во интерес за нашите граѓани и подобрување на нивниот начин на живот во Центар. Токму заради тоа, јас како градоначалник и советниците на Општина Центар сметаме дека ние како локална самоуправа треба да дадеме поддршка на градот за новоотворениот стационар „Лајка“ и преку заеднички заложби да се стремиме кон намалување и контрола на популацијата на бездомни кучиња на јавните површини, нивно згрижување и секако безбедност за нашите граѓани“ - изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Пред неколку години на територијата на Општина Центар, Кралската организација за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA) и регионалниот центар за благосостојба на животните со седиште во Загреб (RAWC) спроведе обука за обучувачи за воспоставување систем за контрола на популација на кучиња и понатамошно нивно згрижување. Приоритет и главна заложба е безбедноста на граѓаните, но и безбедноста и благосостојбата на бездомните кучиња кои се одомаќиниле на територија на општината.

фото: Општина Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања