Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Општина Центар најавува реконструкција на патната инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
asfalt

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на улицата „Димитар Пандилов“ во населбата Долно Водно. Станува збор за еден од капиталните проекти од развојната програма на општината кој беше најавен минатата година во септември, кога после цели 20 години започна обновата на оваа улица.

Во рамките на проектот, обновени се 2.850м2 коловоз, поставени се нови ивичници во должина од 897м2 и тротоари со површина од 1.485м2. Освен површинската реконструкција, на улицата е изградена нова атмосферска канализација во должина од 512м, нова фекална канализација во должина од 509м и нова водоводна канализација во должина 535 м.

— реклама —
— реклама —

Застарената водоводна мрежа и цевките се комплетно заменети со нови, полиетиленски, со што значително ќе се подобри квалитетот на водата за пиење на жителите од овој дел од Центар.Дополнителна придобивка од новата водоводна мрежа е што ќе се реши проблемот со атмосферските води,со кој долги години се соочуваа жителите на оваа улица.

— реклама —

Во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, но и зголемување на безбедноста, Општина Центар паралелно работи и на завршување со реконструкција на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во делот кон населбата Аеродром, а во моментов во општината течати постапките за набавка за отпочнување реконструкција на улична инфраструктура на улиците „Караорман“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Мирче Оровчанец“ и„Петричка“, како и за целосна реконструкција на паркингот кај „Палома Бјанка“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања