„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Општина Центар: Наплативме казна од „Лимак“, а не можеме да ги трошиме парите додека НБРМ не ги распредели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
opstina-centar

Општина Центар врши наплата на казна по основ на договор за отуѓување на градежно земјиште кон правното лице „Лимак“ Доо Скопје, бидејќи задоцнило со испочитување на договорните обврски од договорот за отуѓување на градежно земјиште во предвидениот рок, соопшти Општината.

— реклама —

Општина Центар утврдила дека Министерството за транспорт и врски не извршило наплата на договорните казни за едниот објект – хотел, при што, по преземање на предметите од страна на Општина Центар, општината успеала да го наплати долгот во износ од 7.542.900 денари.

Како што се наведува во изјавата од страна на Трајковска, не станува збор за сообраќајница, туку за два објекти, односно деловниот простот и хотелот на компанијата Лимак Доо Скопје. Од страна на Општина Центар, утврдено е дека Министерството за транспорт и врски не извршило наплата на договорните казни за едниот објект – хотел, при што, по преземање на предметите од страна на Општина Центар, општината успева да го наплати долгот во износ од 7.542.900,00 денари, велат од општина Центар.

— реклама —

Од Општина Центар велат дека ова е единствената општина која не должи средства и редовно ги сервисира своите обврски и должности. Во буџетот на Општина Центар вратени се средства во износ од 2,5 милиони евра, по основ на договорни казни, банкарски гаранции и пресуди. И тоа: 2.301.715 денари од Град Скопје и Музеј на Град Скопје, 1.297.050 денари од ќебапчилницата „Кај Злате“, од Министерството за транспорт и врски вратен е долг во износ од 5.141.462 денари. Од Пелагонија АД Гостивар повратен е износ од 94.184.098 денари, од Друштвото за производство промет и услуги „Риком“ Дооел увоз-извоз во износ од 3.242.607,50 денари, како и наплата на договорни казни од договори за отуѓување на градежно земјиште со јавно наддавање во износ од 6.149.420 денари со „Макоил“ Дооел, „Камфуд“ Дооел Скопје во износ од 1.651.320 денари, „Елан-Пропертис“ Дооел во износ од 6.979.500 денари и други.

Се водат судски спорови во износ од над 3,5 милиони евра кои преку правни механизми ќе бидат вратени и инвестирани во нови капитални проекти во Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања