„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Општина Центар поднесе кривична пријава против управителот на кафе барот „Интермецо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес во Основното јавно обвинителство (ОЈО) ја поднесе кривичната пријава против Димитрије Јовановиќ, управител на Друштво за угостителство, трговија и услуги Фор Фингерс ДОО Скопје и овластено лице на подружница 1 Интермецо Скопје.

— реклама —

Кривичната пријава против Јовановиќ е поднесена согласно членот 389 од Кривичниот законик, односно за сторено кривично дело – симнување или оштетување на службен печат или знак што го ставило овластено лице заради осигурување на предмет или просторија. Согласно овој член, оној што ќе влезе во ваква просторија или отвори осигурен предмет, се казнува парично или со затвор до три години.

Општина Центар, на барање на жителите кои живеат во овој дел од општината, неколку пати претходно го опоменуваше и санкционираше кафе барот „Интермецо“ за прекршување на Законот за заштита на животната средина во однос на надминувањето на дозволеното ниво на бучава.

— реклама —

На кафе барот „Интермецо“ досега поради гласна музика и бучава му беше изречена една мандатна глоба во висина од 6000 евра, потоа откако кафе барот продолжи со непочитување на законските мерки, Општина Центар му изрече уште една глоба од 6000 евра и му забрани да врши угостителска дејност во траење од 30 дена.

Откако локалот беше затворен, вработените незаконски ја тргнале службената пломба на влезот и веќе истиот ден „Интермецо“ продолжи со работа.

Кривичната пријава до ОЈО општината ја поднесува сѐ со цел обвинителството да ги преземе сите потребни правни дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба со кршењето на законот од страна на кафе барот.

Градоначалникот Богдановиќ и Општина Центар повторно упатуваат апел до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на гласност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања