„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Центар се приклучи на проектот на Град Скопје за платформата „Smart CIty“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

На последната, 63-та седница на Советот на Општина Центар, меѓу останатите точки, се изгласа и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реализација на платформата за паметно осветлување и дигитален град - Smart city (Паметен Град).

— реклама —

На предлог на градоначалникот на Саша Богдановиќ, советниците изгласаа Центар да се приклучи на останатите 10 општини на градот Скопје, кои заедно ќе се вклучат во реализација на платформата Паметен Град, проект кој ќе помогне Скопје да стане технолошка современа метропола.

Преку т.н. паметни столбови, ќе се обезбеди систем за паметно осветлување на цела територија на Град Скопје и во Општина Центар, со чие поврзување ќе се придонесе кон носењето на подобри локални одлуки од страна на локалните власти и ќе го подобри квалитетот на живеење на жителите.

— реклама —

Проектот ќе се реализира во наредните три години, а средствата за платформата Smart City ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2021-ва, 2022-ра и 2023-та година.

фото: Општина Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања