Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Општина Чешиново-Облешево доби Интегриран план за локален развој до 2022, но и Фестивал на оризот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
oriz

Општина Чешиново-Облешево доби Интегриран план за локален развој за периодот 2019-2022 година, како официјален документ во кој се идентификувани клучните проблеми и развојните можности на локално ниво.

— реклама —
— реклама —

Планот содржи четири стратешки цели и претставува логично продолжение на претходните стратегии за локален економски развој, чии основи се надминати. Приоритет е даден на унапредувањето на условите за земјоделско производство, подобрување на јавните услуги, развој на комуналната и социјалната инфраструктура, зачувување на животната средина, како и промовирање на развојот на селективни форми туризам, објави МИА.

— реклама —
— реклама —

Инаку денеска во Чешиново ќе се одржи и првиот Фестивал на оризот „Фестивал на оризот во Чешиново, 2019“. За време на фестивалот посетителите ќе имаат можност да ги пробаат традиционалните специјалитети од ориз, произведен со примена на одржливи практики, кои придонесуваат природните екосистеми на овој регион и нивниот биoдиверзитет да бидат сочувани и одржливо управувани и користени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања