„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Гази Баба избира нови членови на советите во урбаните и месните заедници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
36469043_2193690153980511_6088255432164376576_n

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска на прес-конференција најави дека на 23 септевмри, недела, во сите месни заедници, од 17 до 20 часот, ќе се спроведат избори на членови на советите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Гази Баба.

— реклама —

„Со тајно гласање ќе бидат избрани оние што ќе треба да бидат поврзувачи меѓу граѓаните и општината, нишка што ја изгуби својата вредност во овие години и наместо потребите на жителите, пред сè, беа ставани партиските потреби, но и манипулации. Затоа, сметам дека редно време е и месните и урбаните заедници да почнат да работат со целиот свој капацитет. Месните заедници повторно ги ставаме во функција за граѓаните да може своите предлози, иницијативи, барања и критики да ги достават до мене, со што општината ќе ја направиме транспарентен сервис на граѓаните“, истакна Георгиевски.

Тој изрази очекување од новоизбраните членови целосно да се вложат во својата работа за, како што рече, и тие да придонесат во развојот на општината и за доброто на сите што живеат и создаваат во неа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања