Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Oпштина Гази Баба со финансиска помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
boban-stefkovski-gazi-baba-882

Општина Гази Баба со финансиска помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија.

— реклама —

„Како градоначалник на општина Гази Баба, поднесов иницијатива за свикување на седница на Советот на општина Гази Баба со цел донесување на Одлука за определување на финансиска помош за настраданите од силниот земјотрес кој денес ги погоди Турција и Сирија.

— реклама —

Општина Гази Баба е збратимена со општина Газиантеп, Република Турција која е најпогодена од земјотресот во Турција.

— реклама —

Во ова тешко време за турскиот народ со кои општина Гази Баба има одлична соработка уште од 2013 година, солидарноста и хуманоста се оние кои ме водеа при покренување на оваа иницијатива.

Не е далеку 2016та година, кога токму нашата општина беше погодена од силно невреме кое зад себе остави човечки жртви и голема материјална штета. Тогаш за нас се обединија во хуманоста многу општини, градови и држави.

Гази Баба не заборава!

Гази Баба помага“, вели градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања