Општина Ѓорче Петров обезбеди 428 смарт таблети за учениците за следење на online настава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
121786661_2302855516527939_1770968389946591283_n

Во соработка со општествено одговорни копмании, општина Ѓорче Петров обезбеди дополнителни 108 смарт таблети за следење на онлајн наставата. Денеска во просториите на општината, осум компании донираа табелти за училиштата.

— реклама —

Огромна благодарност до Еуро Актива ДОО Скопје, Турбоинженеринг, Пирамид Билдинг Солутионс, Циле Инжењеринг, Магнус Инженеринг, Електрокоп, АД Енергомонт, ДТ Стокомак, кои безрезервно се приклучија на нашиот повик. Ова се особено тешки времиња за учениците, но и за нивните семејства, наставници кои мора да се прилагодат за следење на онлајн наставата, за што е неопходна соодветна ИТ опрема, рече градоначалникот Александар Наумоски.

— реклама —

Пред десетина дена , општината прими донација од 320 смарт таблети и истите беа поделени во шесте основни училишта. Училишта добија по 53 таблети наменети за учениците кои имаат потреба од нив.

— реклама —

Општина Ѓорче Петров заедно со општествено-одговорните компании вложува максимални напори да им овозможи непречен пристап до онлајн наставата на сите деца, без оглед на ранливата социјална положба или ограничените материјално-технички можности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања