Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Општина Илинден започна изградба на трибина со капацитет од 1.100 гледачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library11bcal7hbvkm4XFDvS8

Со поставување камен-темелник започна изградбата на нова трибина на фудбалскиот стадион во населба Илинден, како дел од активностите на Општина Илинден за унапредување на спортската инфраструктура.

Проектот се реализира во повеќе фази, при што претходно, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, беше реконструиран и проширен теренот, поставена нова вештачка трева, изградена заштитна ограда и систем за дренажа, со што се создадени услови за одржување натпревари според современи стандарди.

— реклама —

Со актуелната фаза е предвидена изградба на трибина со капацитет од 1.100 гледачи, како и придружни административни и технички простории. Проектот опфаќа соблекувални, простории за службени лица, санитарни јазли, простор за посетители, магацини и коридор за играчи, како и уредување на околниот простор, паркинг за над 60 возила, осветлување и обновување на комуналната инфраструктура.

— реклама —

На настанот присуствуваа градоначалникот Александар Георгиевски, министерот за спорт Борко Ристовски, пратеничката Драгана Бојковска, претставници на институции и граѓани.

— реклама —

Градоначалникот Георгиевски посочи дека инвестицијата ќе придонесе за подобри услови за спорт и развој на младите, додека министерот Ристовски изрази поддршка за понатамошни проекти во оваа област.

Од Општина Илинден информираат дека ќе продолжат со инвестиции во спортската инфраструктура, при што новата трибина ќе има значајна улога во развојот на спортските активности во општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tableti-sosu-ilinden-3

Градоначалникот на општина Илинден им додели смарт таблети на учениците од СОСУ „Илинден“

Скопје | пред 1 година

— реклама —
cisterna-3

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден

Скопје | пред 1 година

DSC_0883

Општина Илинден со поддршка на традиционалните културни вредности

Скопје | пред 1 година

patronat-OOU-Risto-Krle-6

Богата музичка програма по повод патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања