Општина Илинден започна со асфалтирање на улици оштетени при изградба на фекална канализација во Кадино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
DSCN0550

Во рамки на проектот за реконструкција на улици оштетени при изградба на фекална канализација, Општина Илинден работи на асфалтирање на улиците во населено место Кадино, кои беа оштетени при изградбата на фекалната канализација.

— реклама —

Извршено е асфалтирање на улици во должина од 600 метри, а во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и на останатите улици кои се оштетени при изградбата на фекалната канализација во овој дел на населеното место Кадино.

— реклама —

На овие улици изградена е фекална канализација која е еден од приоритетните проекти на Општина Илинден, особено во деловите кои подлежат на високо ниво на подземни води, како што е овој дел во Кадино.

— реклама —

Во ова населено место досега изградени се два сегменти на фекалната канализација со пречистителна станица, со што е овозможено приклучување на повеќе од 600 домаќинства кон канализацискиот систем, со што се придонесува за заштита на животната средина како и поквалитетен живот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања