Службите на Општина Карпош и денеска продолжуваат со активности на терен за расчистување на последиците од невремето и санација на предизвиканите штети.
Од Општината информираат дека Карпош е една од најпогодените општини, со значителен број материјални штети, но дека со добра координација и ангажман на сите надлежни служби се работи на што побрзо нормализирање на состојбата.
Екипите се ангажирани на отстранување на паднати дрвја, расчистување на јавните површини, како и на санирање на оштетувања предизвикани од невремето, меѓу кои и оштетени кровни конструкции.
Од Општина Карпош посочуваат дека главен приоритет е безбедноста на граѓаните и што побрзо враќање на нормалното функционирање на јавниот простор.
„Заедно, чекор по чекор, го враќаме Карпош во нормала“, порачаа од Општината, заблагодарувајќи им се на граѓаните за трпението и разбирањето.