Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Општина Кисела Вода денеска го прослави патрониот празник Ѓурѓовден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
IMG_0505

По повод големиот христијански празник свети великомаченик Георгиј Победоносец, Ѓурѓовден кој е патронен празник на Општина Кисела Вода денеска градоначалникот Филип Темелковски, секретарот Александар Алексовски и членот на Советот на Општина Кисела Вода, Зоран Ацевски присуствуваа на утринската света литургија одржана од поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски гг. Стефан во црквата Св. Ѓорѓи.

Прославата на Ѓурѓовден, патрониот празник на Општина Кисела Вода кој традиционално општината секоја година го прославува, во спортската сала „Независна Македонија“ преку изведби на музички и ритмички точки ja  збогатија учениците од општинските основни училишта и јавните детски градинки.

— реклама —

Овој голем мултимедијален настан го проследија градоначалникот, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, члeновите на Советот на Општината: Зоран Ацевски, Емилија Трајковска и Дарко Филиповски. Пристуни беа и претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.

— реклама —

На настанот во спортската сала медицинска екипа на Црвен крст спроведе акција за бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Оваа можност ја искористија околу 50 граѓани.

— реклама —

Локалната самоуправа по 21 - пат го прослави својот патронен и најголем пролетен празник Ѓурѓовден.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Сподели како слика

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања