Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Општина Кисела Вода објави конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
stari-1

Општина Кисела Вода во соработка со социјалното претпријатие, односно со професионалниот сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови „Нега плус“, сервис кој е основан од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Хера, ќе организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните за посета на обуката, до 01.12.2020 година, потребно е да се пријават кај одговорните лица за спроведување на проектот, на мејловите: ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk , simon.toshanov@kiselavoda.gov.mk и на телефонските броеви:  071/391-167 Ана Ѓуроска , 070/683-810 Симон Тошанов.

Кандидат(к)ите за посета на обуката, треба да ги исполнуваат следните услови:

-Да се државјани на РС Македонија;

-Да имаат над 18 години;

— реклама —

-Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

-Да имаат завршено минимум основно образование;

-Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;

— реклама —

-Да бидат подготвени по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови „Нега Плус“.

Лицата кои ќе ја посетуваат обуката ќе се стекнат со верификуван сертификат.

— реклама —

Обуката ќе се реализира, во рамки на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домовите на жителите на општина Кисела Вода. Проектот доби поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.

По завршувањето на обуката, ќе започне да се реализира петгодишниот договор за подобрување на социјалните услуги, кој неодамна го потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Конкурсот за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, вчера беше објавен на веб страната на Општина Кисела Вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања