Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Општина Кисела Вода во соработка со УНДП го реализираше проектот „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
DSC_1807

Општина Кисела Вода во соработка со УНДП четвртта година по ред во рамки на програмата Општинско - корисна работа 2018 година, успешно го реализираше проектот „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите“.

Денеска секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски заедно со раководителот на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при Општината, Марјан Спасески на сите ангажирани лица во проектот им доделија потврди за успешно реализиран работен ангажман во рамките на програмата Општинско корисна работа 2018.

— реклама —

Имено, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година, Општина Кисела Вода преку програмата Општинско – корисна работа, во  јавните детски градинки и општински основни училишта ангажираше вкупно 27 невработени лица, од кои 10 негуватели, 1 личен асистент и 16 образовни асистенти. Избраните лица во период од 6 до 9 месеци вршеа работни активности преку кои имаа можност да се стекнат со практични искуства и вештини за нивно постепено вклучување на пазарот на трудот.

— реклама —

Носители на активностите на овој голем проект се: Секторот за локален економски развој, Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, Агенцијата и Центарот за вработување.

— реклама —

Ви благодарам за соработката, имајте убав ден.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања