Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради псндемијата со корона вирусот.
Деновите на Рамазанскиот месец се поклопуваат со Велигденските празнувања. Заедничкото чествување на празниците е дополнителна можност да ги зајакнеме соживотот и пријателство. Нека верата во Бога ни даде сила да ги надминиме сите искушенија и преку искрена човечност и солидарност заедно да продолжиме да чекориме кон посветла иднина за нашиот град,напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.