Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Општина Охрид: Изминативе две години ги зедовме во предвид сите препораки од Унеско и работиме на исполнување на истите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Забелешките што се наведени во Извештајот на УНЕСКО, кој треба да биде  разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се  одржи наредниот месец во Баку, ја покажуваат фактичката состојба на  Охридскиот регион. Оваа состојба беше детектирана уште во мониторинг  мисијата на УНЕСКО која беше направена во април 2017 година. Општина Охрид, во текот на изминатите две години ги зеде во предвид сите  препораки во однос на ова прашање и во рамки на своите законски  надлежности сериозно се посвети на исполнување на барањата на УНЕСКО, се вели во соопштението од Општина Охрид.

Од локалната додаваат: Важно е да се напомене дека во рамки на Извештајот освен негативните  забалешки, посочени се и сите позитивни активности, на кои нашата локална самоуправа работеше заедно со владините институции.

— реклама —

Во делот на позитивните забалешки наведени се Одлуката за откажување од Проектот за изградба на Ски центарот на Галичица и Автопатот А3 од Охрид до Св.Наум и започнување на проектот за пренасочување на реката Сатеска  во старото корито. Исто така во однос на препораките донесена е и владина  одлука за формирање на новото Јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем, што е важно во делот на препораките за подобрување на системот за отпадни води.

— реклама —

Во тек е постапката за донесување на Планот за управуавње со природното и културното наследство на Охридскиот регион, а во понеделник на 27-ми мај ќе се одржи Информативна сесија за Нацрт-извештајот за Стратегиската оцена на влијанието на животната средина од спроведувањето на овој план.

— реклама —

Исто така во владина процедура е и носење на нов Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Во согласност со ставот на Владата на Република Северна Македонија и ние како Локална самоуправа цениме дека препораките од Извештајот на УНЕСКО треба да бидат стимул за сите институции и за граѓаните за да се работи посветено и со поголем интензитет за зачување на нашето уникатно светско природно и културно наследство

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања