„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Охрид: Колку дивоградби отстрани апсолутната власт на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Општина Охрид реагирајќи на нападите од ВМРО ДПМНЕ во јавноста го отвора прашањето колку дивоградби отстраниле Никола Бакрачески и Никола Груевски во време на нивната апсолутна власт до 2017 година ?

— реклама —

СООПШТЕНИЕТО ВО ЦЕЛОСТ:

Очајната потреба за поголема присутност во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ прераснува во вистински циркуз. Нивните соопштенија и јавни настапи, со кои сакаат да купат трошка доверба кај охриѓани се тотално промашување и надвор од сите логични норми за политичко дејствување на една опозиција, се вели во Реакција од Општина Охрид на соопштението на ОО ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Нејасно е како без ниту малку срам ја отвараат темата за УНЕСКО, кога многу добро знаат дека оваа локална и централна власт предвидена од СДСМ презедоа многу значајни чекори во рамки на заложбите за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион, за разлика од власта на ВМРО ДПМНЕ кои не само што не ги решаваа проблемите, туку и вешто ги сокриваа од јавноста.

Ги прашуваме дали толку лицемерно сакаат да ги лажат граѓаните, па почнале и самите да си веруваат во сопствените лаги и дали навистина не знаат дека забелешките и препораките од УНЕСКО дојдоа како резултат реактивната мисија за Охридско-Струшкито регион од 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше комплетна власт и на локално и на централно ниво? Што направија и какви мерки презедоа тогашниот градоначалник Никола Бакрачески и тогашниот премиер Никола Груевски за да го зачуваат статусот на УНЕСКО? Зошто не донесоа План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион? Колку бесправни граби отстранија тие и колку диви градби никнаа во време на нивното владеење, кога подготвуваа мегаломански проекти и сакаа да изградат “парапетче” околу целото Охридско Езеро?

На охриѓани им е повеќе од јасно дека оваа локална власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески, со комплетна поддршка на централната власт, преку посветена работа оствари резултати кои што централна власт на ВМРО ДПМНЕ не успеа ни да ги замисли за 11 години централна власт и 4,5 години локална власт во Охрид?

Во однос на отстранување на дивоградбите за кои што се толку многу “загрижени”, би ги запрашале господата од ВМРО ДПМНЕ- Зошто вчера не ја поддржаа одлуката на Советот на Општина Охрид со која беше предвидено обезбедување на 3 милиони денари од општинскиот буџет за отстранување на бесправно изградени објекти, се вели во Реакција од Општина Охрид на соопштението на ОО ВМРО-ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања