„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Охрид на прво место по индексот на отвореност на општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
opstina

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

— реклама —

Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.

Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност

— реклама —

Индексот на отвореност ги проценува перформансите на локалната власт во областа на добро владеење со тоа што се фокусира на четири принципи:

  • пристапност
  • ефикасност
  • интегритет и
  • транспарентност со еден заеднички домен присутен во сите четири принципи, а тоа се отворените податоци.

Општина Охрид има висок процент на исполнителност во сите четири принципи на отвореност, а најдобри резултати има во делот на транспарентноста на организациски информации, јавни набавки, буџет и јавните консултации.

На регионалната онлајн презентација извештајот за отвореност, посветена на Општина Охрид присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кои истакна дека во текот на работењето Општина Охрид постојано се стреми да достигне високо ниво на транспарентност и максимално да го почитува принципот на отвореност со тоа што редовно се споделуваат сите информации кои се во интерес на јавноста и редовно се информираат граѓаните за сите детали од работењето. Тој потенцираше дека општината ќе ги прифати сите забелешки и заклучоци кои произлегуваат од ова истражување и ќе ги спроведе сите мерки за подобрување по одредени параметри на транспарентноста.

Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања