Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Општина Охрид презема конкретни чекори за градење отпорност кон ризици од катастрофи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid2

На 9 јуни 2024 година, со поддршка на УНДРР (Канцеларијата на Обиденетите нации за намалување на ризици од катастрофи за Европа и Централна Азија) беше одржана наменска работилница за проценка на отпорноста на општина Охрид со цел да се согледа капацитетот и моменталните состојби на општината за исполнување на кретириумите и очекувањата од оваа Иницијатива.

— реклама —

,,Да ги направиме градовите отпорни 2030” (Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) претставува иницијатива за подобрување на локалната отпорност преку активности и мерки за споделување на знаења и искуства, воспоставување на мрежи за соработка, обезбедување на техничка и експертска поддршка, поврзување на релевантните служби од од централната и локалната власт, градење на партнерства за соработка, како и други активности за намалување на ризиците од катастрофи кои имаат негативни влијанија за животот и здравјето на граѓаните, материјалните добра, инфраструктурата и економскиот развој на општините.

Препознавајќи ги овие можности и придобивки, општина Охрид е една од првите три општини од Република Македонија која во соработка со Центарот за управување со кризи ги превзема конкретни чекори за приклучување на оваа иницијатива.

— реклама —

На работилницата присуствуваат претставници од соодветните служби во рамките на општина Охрид, претставници од Центарот за управување со кризи и тематски експерт од УНДРР. За време на работилницата беше одговорен сеопфатен Прашалник врз основа на кој се определува моменталната состојба, односно се мери нивото на отпорност на општината и се доделува соодветна фаза на достигнување, како појдовна основа за понатамошните активности.

— реклама —

Изработен е извештај кој ги опфаќа сите тематски области кои беа предмет на анализа и евалуација. Со извештајот се дадени соодветни препораки кои во наредниот период треба да се претворат во конкретни активности и да се постигнат видливи резултати.

Со реализацијата на овие активности, општина Охрид заедно со општините Гази Баба и општина Ѓорче Петров, кои исто така изразија подготвеност да се приклучат кон оваа иницијатива практично се првите општини од Македонија кои официјално се пруклучија на оваа глобална акција и со тоа заслужено се најдоа на објавените вести на Веб страната на УНДРР (North Macedonia take steps to enter the 2030s with greater resilience | UNDRR)

— реклама —

Повеќе активности во врска со Иницијативата MCR2030 се очекуваат од Септември оваа година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања