Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Општина Охрид распиша тендер за уривање на дивоградбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
opstina-Ohrid

Општина Охрид распиша тендер за уривање на дивоградбите во Охридскиот регион. Најпрво ќе се уриваат нелегални објекти и остатоци од урбана опрема на плажите. Тендерот е во висина од над 5 милиони денари. Главен критериум за овој тендер е најниска цена, а според објавената јавна набавка договорот ќе биде склучен на 12 месеци.

— реклама —

Пред неколку денови претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид Константин Георгиески, на Општина Струга Рамиз Мерко и на Општина Дебрца Зоран Ногачески.

— реклама —

На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот Регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.

— реклама —

Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.

Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион и на развојните планови на општините.

Инаку Општина Охрид во јуни минатата година започна со уривање и расчитување на крајбрежниот дел на Охрид, од нелегално поставени објекти и урбана опрема. Но акцијата беше стопирана поради недостаток на финансиски средства. Но се чини дека локалната самоуправа е е цврсто решена да го исчисти Градот од нелегални објекти и во целост да ги спроведе препораките на Унеско, со цел Охрид да го зачува статусот на  светско заштитено наследство од УНЕСКО.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 1 година

— реклама —
kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања