„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Охрид со детали за реконструкцијата на улицата „Абас Емин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
abas-emin

Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ е еден од најзначајните инфраструктурни проекти кои во моментот се реализираат во општина Охрид. Ја информираме јавноста дека веќе е подготвен оперативен и динамички план за изведување на сите следни градежни активности со кои во најбрз можен рок и во согласност со проектот, ќе се создадат услови за непречен сообраќај на овој потег и ќе се нормализира животот на граѓаните.

— реклама —

Сите досегашни градежните активности за реконструкција на улицата до сега се одвиваа по предвидената динамика. По завршување на тендерската постапка за реконструкција на горниот строј на улицата, која поради сложеноста на проектот и неговата вредност траеше 55 дена, денес започнаа работите за ископ, замена на тлото во длабочина од 40 сантиметри и тампонирање. Во моментот подготвителните работи се изведуваат во рамки на првата фаза од реконструкцијата, на потегот од „Дејан Војвода“ до пресекот во близина на „Тубелес“.

Во рамки на втората фаза од реконструкцијата, во тек е преприклучувањето на новата фекална и водоводна линија. По завршување на предвидените активности на подземната инфраструктура ќе следува реализирање на подготвителни работи за асфалтирање на потегот од „Тубелес“ до пресекот со улица „Охридска Бригада“.

— реклама —

По комплетно завршување на подготвителните работи, ќе следува поставување на два асфалтни слоја на коловозот, нови рабници како и изведба на тротоари на местата каде што е предвидено, врз основа на проектот и фактичката состојба на терен.

Упатуваме апел до граѓаните за поголемо разбирање и трпение. Станува збор за голем зафат, кој поради својата вредност, обемност и сложена динамика бил одложуван од сите претходни власти. Со релизицијата на овој проект се решава еден деценски инфраструктурен проблем и ќе се обезбедат подобри услови за жителите од овој потег во градот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања