Промени тема
Контакт

Општина Охрид со висока оценка за општинското финансиско работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Forum_gradonacalnici_14092022013

Денеска во Охрид, се одржа Форум на градоначалници организиран од УСАИД Македонија, на кој беа презентирани резултатите од алатката за само-оценка. На форумот учествуваше и градоначаникот Кирил Пецаков, кој ги поздрави присутните.

– Денес сме тука да најдеме начин да ги искористиме најдобрите можности за реализација на проекти од општ интерес. Заеднички ќе дискутираме за Подобрување на капацитетите на вработените во одделението за финансии и данок на имот при нашите општини. Развивање на ЛЕР планови по нова методологија, можност за за обучување на вработените од нашите општини кои би правеле внатрешна ревизија , како и разгледување на можностите за заеднички настап пред европските фондови и користење меѓународни средства за општествено корисни проекти, рече градоначалникот Пецаков.

— реклама —
— реклама —

Согласно мерењата Општина Охрид доби оценка од 2,56, каде 1 е основно ниво на капацитет, а 3 високо ниво на капацитет. Проектот опфаќаше само-оценка на општините за општинското финансирање, во кои е вклучено управување со општинските јавни финасии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори и пристап до надворешно финансирање.

— реклама —

Настанот се реализира во рамки на проектот за “Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања