Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Општина Охрид: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да фрли сомнеж за криминал во нашето работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Со низа неаргументирани обвинувања, портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ Димче Арсовски, на прес-конференција, неуспешно се обиде да фрли сомнеж за наводни сериозни индиции за криминал во работењето на општина Охрид.

— реклама —

За негова жал, како и многупати досега, тоа не му успеа бидејќи јавноста знае дека криминалот на ВМРО- ДПМНЕ тежок стотици милиони евра за кој секојдневно има рочишта во судовите, не може да се покрие со одвлекување на вниманието на граѓаните со измислени сомнежи, велат од Општина Охрид.

— реклама —

„Јавноста треба да знае дека уште на 06.12.2018 година побарано е да се изврши увид во документацијата и евентуалните спорни плаќања на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година, а истиот ден исплатата е запрена.

— реклама —

На 14.12.2018 година формирана е комисија со решение бр. 09-17994/1 со задача по увидот врз документацијата да направи записник за плаќањата, а на 31.12.2018 година е покрената дисциплинска постапка против државниот службеник кој е председател на комисијата.Дисциплинската постапка ја води посебна комисија од седум члена која е формирана на 04.01.2019 година.

Доколку во ВМРО- ДПМНЕ заборавиле, редно е во интертес на граѓаните, да потсетиме дека Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи е формирана на 18.07.2014 година со одлука на Советот на општина Охрид, односно од претходната локална власт на ВМРО- ДПМНЕ.

Општина Охрид е транспарентна пред своите граѓани. А Вие“, се вели во реакцијата на Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања