Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Општина Сарај одлучи ветераните на УЧК да не плаќаат данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај. Таквата одлука денес ја донесе Општинскиот совет во Сарај.

— реклама —

Таквата одлука е ветување на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, каде што беше и дел од изборната програма.

Општина Сарај сега ќе формира соодветна комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и да им ја подели одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.

— реклама —

Таква одлука каде поранешни војници на ОНА се ослободуваат од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, како што велат со една ваква одлука се почитува славното националното минато на Албанците во Македонија и го институционализира историското минато на локално ниво.

На состанокот на Советот на општината, исто така се донесе и ребалансот на буџетот, каде што скратени се некои трошоци, регулирање на Деталниот урбанистички план за производствен комплекс со Г2 лесната индустрија во Кондово, со што општина Сарај, се фокусира на економскиот развој во областа Кондово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања