„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите за Василица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vevcani-6

Поради пандемијата Вевчанскиот карневал симболично ќе биде одбележан. Ќе изостане богатата програма збогатена со културно забавните содржини кои се во организација на општината но поворка од василичарските друштва ќе има согласно протоколите за заштита од ширењето на заразата.

— реклама —

За да нема шпекулации дали оваа година Свети Василија некој ја “откажал” или не, Ви го соопштуваме следното:

Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија.

— реклама —

Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право но обврска. Го повторувам она што го кажав и за медиумите:

Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе апелираме да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василиј онака како што сме го славеле со векови, вели Грдоначалник на Општина Вевчани Сашо Јанкоски.

Вевчанскиот карневал е стар над 1.400 години, колку и Вевчани, и се разликува од сите други карневали во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања