„Општината да ги отстрани сите нелегално поставени угостителски тераси, дивоградби“, велат од Шанса за Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
288509192_379937614144657_5434462815295568643_n

Шанса за Центар нема да се откаже од борбата за безбедно движење на пешаците и почитување на јавниот заеднички простор во Општин Центар.

— реклама —

Тие до општина Центар поднесоа претставка. Истата ви ја пренесуваме во целост

— реклама —

Ние, советниците од Шанса за Центар заедно со жители на општина Центар, од подрачјето Дебар Маало, се обраќаме за да пријавиме не безбедност и ограниченост во движење на најранливите - немоторизираните учесници во сообраќајот.

— реклама —

1. Жителите на општина Центар во бројни наврати, и индивидуално, и организирано, имаат поднесувано петиции до градоначалникот и советот, поплаки до општинските служби, до полиција, и до другите надлежни институции, во врска со работењето на угостителските објекти. Нашите обраќања се однесуваат на незаконски поставената урбана опрема, бучавата, проблемот со паркингот, и генерално арогантниот однос на угостителите кои немаат никаква елементарна почит ниту кон луѓето кои живеат во Дебар Маало, ниту кон законите и правилата кои важат во оваа држава. Од страна на општината, освен бирократски лаконски одговор дека општината постапува согласно законските надлежности, или никаков одговор, до денес не е преземена ниедна конкретна мерка како одговор на бројните наши јасно дефинирани барања и поплаки.

2. Диво зафатениот јавен простор со поставување маси и столици, или заградени со ленти или објекти дивоградби, до ден денес опстануваат и се толерираат од страна на општината без јасна причина и образложение, наместо да бидат срушени во најкус можен рок. Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно на тротоари, а угостителите со лента си го затвораат просторот. Угостителите директно ги прекршуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, и тоа член 4, член 17 и член 63;

Повелете слики во прилог.

3. Прашањето на поставување урбана опрема на јавен простор, односно начинот на користење јавен простор за вршење комерцијална дејност надвор од просторот на локалот е прашање кое директно ги засега интересите на жителите на општината. Квалитетот на живот на жителите на Центар, особено Дебар Маало, е значително влошен изминатите години токму заради толерирањето на угостителите и нивниот арогантен однос. Општината е должна да работи на подобрување на квалитетот на живот, наместо да биде соучесник во уништување на животот во Дебар Маало. Во последно време и безбедноста во овој дел од општина Центар станува се поголем проблем заради однесувањето на гостите кои ги посетуваат локалите - насилничко возење со коли и мотори по улиците, чести тепачки, галами и караници од пијани гости во сред ноќ, и слични вознемирувачки појави кои се веќе секојдневие.

Заради гореизнесеното, БАРАМЕ:

Во најкус можен рок општината да ги отстрани сите нелегално поставени угостителски тераси, дивоградби;

Општината веднаш да почне да ја спроведува Програмата за урбана опрема, и по неа да работи како законски документ кој не е укинат и кој е во важност се до изработка на нова Програма за урбана Опрема;

Да го активира Партиципативнотот тело за Урбанизам како и директно засегнатите граѓани во изработката на нова/дополнета Програма за урбана опрема.

Според Законот за постапување по претставки и предлози (Службен весник на РСМ бр 87/2008), и особено член 6, 14 и 15; бараме во рок од 30 дена да добиеме писмен одговор, за секоја ПОЕДИНЕЧНА точка од нашите барања, во кој бараме задолжително да се наведат:

конкретни мерки (пример, отстранување на опрема од страна на инспекциските служби, иницирање постапка пред друг надлежен орган, покренување иницијатива за промена на закон или подзаконски акт, и слично) кои општината ги презема, која конкретна служба на општината или друга институција е надлежна за секоја мерка, со емаил и телефоснки контакт податоци од службено лице;

во кој рок секоја мерка ќе биде спроведена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања