Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Општините Струмица и Центар, набавиле машини за бележење на коловоз, за 6 пати повисока цена, од таа што СДС тврди дека е реална, ЈО да отвори истрага, бара ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
300777986_457308189742962_8728798627074653592_n

„На манипулациите на СДС им нема крај, така и со креирањето на лажни афери, кои веднаш им паѓаат во вода, бидејќи немаат никаква поткрепа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Машини за бележење на коловоз, набавиле општините Центар и Струмица, за цена 6 пати повисока од таа, која што СДС тврди дека е реална. СДС вели дека реалната цена е 2 до 3 илјади евра. Ако тоа е така тогаш градоначалникот на општина Струмица Коста Костадинов, машината ја набавил за 15 илјади евра, додека општина Центар за 850 илјади денари, преку јавното претпријатие за паркинзи, така да по овој основ и според тврдењата на СДС за цената, Јавното Обвинителство треба веднаш да отвори истрага, за да се утврди дали имало малверзации во набавките.

— реклама —

СДС да одговори во чии џебови завршила разликата во цената?

— реклама —

Паниката во СДС, се покажува се повеќе од ден во ден, во немоќ пред јавноста да прикажат резултати, каде катастрофално раководат заедно со ДУИ, во сите сфери во општеството, се обидуваат да креираат лажни афери за оние кои се способни и имаат резултати.

— реклама —

Народот едвај ги чека на 8 мај, да ги прати во историјата, за потоа да има и одговорност. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања