Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика сопствениците на објекти надвор од урбаните средини, како викендички и куќи, навремено да се подготват и да преземат мерки за заштита од евентуални пожари.
„Ги замолуваме сите граѓани кои имаат викендички или куќи, реновирани куќи во напуштени или запоставени села, но и оние кои живеат во последните куќи во населбите и селата вклучително и оние околу градот Скопје, да ги исчистат своите дворови од вегетација. Нека изораат со мотокултиватор или трактор или веќе ако имаат трева таа нека биде одржувана и зелена, што е прилично тешко во месец јули во Македонија. Исто така и од надворешна страна на дворот нека изораат, нека има по неколку метри мек појас кој нема вегетација бидејќи од она што можеме досега да го видиме постои опасност никој да не биде поштеден од соочување со огнот“, апелира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
фото: ФБ/ДЗС