„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Орбан: Макрон е лидер на промигрантските сили, мора да се борам против него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Унгерскиот премиер Виктор Орбан изјави дека претседателот на Франција, Емануел Макрон го смета за водич на „промигрантските сили“ на Европа и поради тоа чувствуа дожност да му се спротистави, пренесува Ројтерс.

— реклама —

„Нема сомнеж дека Емануел Макрон е важна фигура, тој е лидер на промигрантските сили. Тоа не е ништо лично, туку прашање на иднината на нашите земји“, изјави Орбан и додаде:

„Доколку во Европа се материјализира тоа што тој го сака во поглед на миграцијата, тоа би било лошо за Унгарија. Поради тоа, мора да се борам против него“, изјави Орбан на конференцијата за медиуми.

— реклама —

Тој претходно порача дека би сакал да види анти-имиграциските партии да остварат мнозинство на изборите за Европскиот парламент закажани за мај оваа година. Според унгарскиот премиер, тоа би водело кон слични промени и во извршната власт на Европската унија.

„Првата цел на Унгарија е да обезбеди анти-имигрантско мнозинство во Европскиот парламент, а потоа и во Европската комисија. На крајот, како што на националните избори ќе се менува „политичкиот пејзаж“ на континентот, ќе следува и Европскиот совет каде што националните лидери ги носат најважните одлуки во Европската унија“, изјави Орбан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања