Промени тема
Контакт

Орбан се враќа во политичката борба: „Вака повеќе не може. Дојде време за национален отпор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан најави враќање во политичката борба и остар отпор кон новата влада, предводена од Петер Маѓар, неколку месеци по изборниот пораз на неговата партија Фидес.

„Вака повеќе не може. Дојде време за национален отпор. Крај на трпението, крај на коректниот однос, крај на сите еднострани гестови“, изјави Орбан.

— реклама —

Со најавата тој порача дека изборниот пораз нема да означи крај на неговото политичко дејствување. Сега останува неизвесно дали Фидес ќе успее повторно да ја консолидира поддршката меѓу унгарските избирачи и повторно да стане водечка политичка сила.

На парламентарните избори во април, Фидес беше поразен од проевропската партија „Тиса“ на Петер Маѓар, која освои доволно пратенички места за двотретинско мнозинство. Новата влада започна со спроведување реформи насочени кон промени во институциите и борба против корупцијата, како и со преориентирање на државната политика кон поблиска соработка со Европската Унија.

— реклама —

Во рамките на најавените промени, властите планираат да укинат дел од контроверзните законски одредби донесени за време на владеењето на Орбан, меѓу кои и регулативи поврзани со правата на истополовите двојки.

— реклама —

Изјавата на Орбан беше широко споделувана на социјалните мрежи, каде што поранешниот премиер повторно се позиционираше како остар критичар на новата унгарска влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydnnqm6i9k13tck8SYt4

Поддршката за Орбан „се топи”, опозицијата води на анкетите

Свет | пред 7 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања