Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Орце Ѓорѓиевски доби признание за поддршката во обновувањето на храмот „Свети великомаченик Димитриј“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Скопје
media-librarysb1denuv2k2naXkzohy

Со свеченост по повод 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, беше одбележана долгогодишната духовна и историска традиција на ова свето место. По тој повод, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доби признание за поддршката во реконструкцијата на придружните објекти на храмот.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека храмот, кој некогаш бил Соборен, со децении претставува место каде што верниците наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Тој посочи дека признанието има посебно значење за него и дека ќе го чува како едно од најдрагите, но и како потсетник за обврската да се зачува наследството од претходните генерации.

— реклама —

„За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм“, истакна Ѓорѓиевски, упатувајќи благодарност до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, отец Жарко и свештенството на Македонската православна црква за укажаната чест и нивната посветеност.

— реклама —

Тој изрази желба храмот и во наредните векови да биде исполнет со верници, молитви и духовност, а неговите камбани да продолжат да повикуваат на мир, љубов и добрина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ku9c8ugju82f46k3Yv

Спречувањето на корупцијата во фокусот на средбата меѓу Ѓорѓиевски и ГРЕКО

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp0b2i5pdb1973OTwbn0

(Видео) Ослободувањето од комуналии за младите парови е дел од изборната програма, а не иницијатива што ја прифатил од друг, тврди Ѓорѓиевски

Скопје | пред 2 дена

media-library88jij9riduei9NmMYXo

(Видео) Скопје започна акција за садење 3.500 садници, до крајот на сезоната планирани 6.000, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 2 дена

media-librarys2ota2db27739nWMHFP

Ѓорѓиевски: Почна поделбата на бесплатни униформи за сите ученици од прва година

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања