Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Орце Ѓорѓиевски : Извештајот на ГРЕКО покажува дека владата е вистински режим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
orce

Нерасчистени убиства, грабежи, запалени автомобили, луѓе кои се малтретирани од страна на носители на јавна функција се само мал дел од криминалите кои станаа наше секојдневие под власта на Заев и Спасовски. Криминалот го констатираше и ГРЕКО во нивниот овогодишен извештај. Во извештајот на ГРЕКО се потенцира дека се гледа силна потреба да се деполитизира полицијата во Република Македонија, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицијата повеќе од две години не реагира кога станува збор за функционери од власта.Тие се заштитени и можат да хараат низ државата, вршејќи криминал.

— реклама —

Спасовски и Заев ја претворија полицијата во дувло на криминалот и корупцијата. ГРЕКО посочува дека полицијата се смета како една од најкорумпираните институции.

— реклама —

Во извештајот се вели дека сообраќајната полиција, граничната полиција, организационите единици одговорни за сузбивање на криминалот и корупцијата, како и јавните набавки се издвојуваат како најподложни на корупција.

— реклама —

Имено МВР ја спроведе сомнителната јавна набавка на полициски возила во вредност од 1 милион евра, кои беа платени далеку над продажните цени, а само нешто подоцна го распишаа и огласот за давање лиценци за возачки испитни центри кои завршија во рацете на тазе формирани фирми од страна на лица блиски на власта.

Извештајот на ГРЕКО почитувани значи дека корупцијата е присутна на речеси секое едно ниво во МВР.

Во извештајот се посочува и нетранспарентноста на МВР како и потребата од зголемување на транспарентноста и подобрување на пристапот до информациите. Спасовски и Заев ја уништија службата и со секој поминат ден полицијата станува се поголем заштитник на криминалот и корупцијата. Ова мора да го смениме. Нашите граѓани сакаат и заслужуват полиција која ќе биде служба за зачувување на јавниот ред и мир, и никако поинаку, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања