„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Орце Ѓорѓиевски отвори платформа – граѓаните ќе предлагаат проекти за иднината на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
orce-kiselavoda-4

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце, најави дека изборната програма ќе се креира преку отворена платформа со идеи и предлози од граѓаните. Тој порача дека секој предлог е важен и дека токму преку заедничко учество може да се изгради европска метропола во која младите ќе гледаат иднина, семејствата сигурност, а возрасните достоинствен живот.

— реклама —

Биди гласот на Скопје – твојата идеја за европска метропола!

Почитувани сограѓани, Скопје отсекогаш бил град на надежта, град на соништата и град на луѓе со големи срца. Денес, пред нас стои предизвикот повторно да му го вратиме сјајот и достоинството што го заслужува. Тоа нема да го направи еден човек, туку тоа ќе го направиме заедно – со вашите идеи, предлози и визии.

— реклама —

Како човек од народот кој верува дека вистинската сила е токму во народот, победничката програма ќе ја пишуваме со вас – на улиците, во маалата, во секоја населба, но и преку оваа отворена платформа. Изработивме специјален QR-код кој директно ве поврзува со платформата (web страница) за да ги напишете вашите предлог-идеи и проекти.

Истиот може да се најде и во локалите и на сите фреквентни места низ градот. Вашата замисла може да стане дел од големата преродба на Скопје. Секоја идеја е важна, секое мислење е вредно. Затоа, заедно ќе изградиме град кој ќе блесне како европска метропола, град во кој младите ќе гледаат иднина, семејствата ќе имаат сигурност, а возрасните достоинствен живот.

Сплотени, мотивирани и одлучни, ќе работиме до последниот атом за Скопје да стане град со кој сите ќе се гордееме. Ова е нашата заедничка шанса да ја испишеме историјата и да му подариме на нашиот град нова ера на развој и просперитет.

Ова е град на сите нас – на сите кои го сакаат, го живеат и го чувствуваат, напиша тој во објавата на ФБ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања