Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Орце Ѓорѓиевски: Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
orce-za-mvr

Оливер Спасовски е скоро три години на чело на МВР, а нема реализирано ниту една поголема акција за заплена на наркотици или сузбивање на насилен и организиран криминал. Убиствата, запалените автомобили и грабежите станаа редовна појава во Македонија, а полицијата е парализирана заради политичките преместувања во службата. Спасовски врши чистка во МВР и ја партизира службата истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски ги крие податоците за процентот на реализација на кривичните дела, но затоа повикува долгогодишни професионалци кои со усна наредба се шиканирани и прераспоредувани, па сега ги принудува сами да се деградираат и да потпишат да бидат спуштени на пониско ниво во хиерархијата во службата.

— реклама —

Имаме сознанија дека 24 припадници на полицијата во изминативе неколку дена се подложени на тортура за да се самодеградираат. Уценети се сами да бараат прераспоредување на пониско ниво или како што им кажувале ќе виделе што ќе им се случи.

— реклама —

Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност и со парите на државата кои ќе треба да ги исплати за незаконските, политички смени и одлуки.

— реклама —

Имено ако во 2018 година бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесувал 1200, само за првите 5 месеци во 2019 година бројот на тужби изнесува дури 3500. Тоа е скоро 1/3 од вработените во МВР.

Кој ќе сноси одговорност за ова? Колкава ќе биде штета што ќе треба да се исплати од Буџетот на Република Македонија, заради личните хирови на Спасовски?

Спасовски и Заев ја понижија полицијата и за тоа мора да има одговорност.

Спасовски и Заев мора да си заминат. Ова е вистински режим и тој треба час поскоро да биде сменет. Апелираме до полициските професионалци кои се под закана ги охрабруваме да не подлегнат на притисоците, да побараат правна заштита и да ги документираат незаконските постапки на Спасовски.

Одговорност ќе има кога ќе се врати правната држава, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања