Денеска продолжува закажаниот судскиот процес за случајот „Рекет“. Како што најави судот, на денешното судење се очекува да сведочат Орце и Ана Камчеви по предлог на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Во „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски- Боки 13 за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева е третообвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Второобвинетиот Зоки Милевски- Кицеец веднаш призна вина за делото „Примање награда за противзаконито влијание“ па беше осуден на затворска казна од три години.
фото: Архива